Поради скандалот со силување, Мбапе избришан од новата кампања на Реал

Среде обвиненијата за наводно силување кое го направил во четвртокот во Стокхолм, Килијан Мбапе е тргнат од промотовианата кампања за новата линија за спортска опрема на Реал Мадрид.

Французинот учествувал во снимањето, тоа го потврди и Џуд Белингам кој објави фотографии од сетот на кои се наоѓа Мбапе, но во меѓувреме ги избриша од својот Инстаграм профил. Некои тврдат дека Мбапе е под договор со Најк, па затоа не може да учествува во кампања за Адидас, но шпанските медиуми потенцираат дека таков е случајот и со Едуардо Камавинга, кого, сепак, го има во клупската кампања.

Напаѓачот на Реал и француската репрезентацијата од средата до петокот со свои пријатели бил во Шведска и се сместил во хотел во центарот на градот. Во четвртокот се забавувал во еден ноќен клуб, а следниот ден со приватен авион ја напуштил Шведска. Тамошните медиуми објавија за скандал со силување, но не го посочи Мбапе како учесник во него, но фудбалерот за секој случај демантираше дека тој извршил каков било напад.