Ѓоковиќ не губи време пред „Шесте кралеви“ - стигна во Ријад, па тренираше со Алкараз (ВИДЕО)

Најдобриот српски тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ пристигна во Ријад каде што ќе настапи на турнирот „Шесте кралеви“ заедно со уште неколку свои колеги.

Ѓоковиќ ќе тргне од полуфиналето, а веднаш по пристигнувањето во Ријад имаше тренинг со Шпанецот Карлос Алкараз.

Србинот во полуфинале ќе се соочи против победникот од мечот меѓу Јаник Синер и Данил Медведев, додека во останатиот дел од ждрепката се наоѓаат Алкараз и Холгер Руне, додека победникот ќе игра против Рафаел Надал.