Лани Партизан, сега Ц. Звезда: Белградска арена распродадена додека - трепнеш!

Кошаркарите на Црвена Звезда го имаат најдобриот евролигашки старт во својата историја, а тоа придонесе и за голема еуфорија помеѓу навивачите.

Црвено-белите во првите три кола забележаа максимален учинок и сега се лидери на табелата во Евролигата.

Пред Звезда паднаа Париз, Басконија и Фенербахче, а екипата на Јанис Сферопулс веќе во петок го чека нова препрека и тоа шпанска Барселона.

Денес во 12:00 часот Звезда ги пушти во продажа билетите за овој натпревар и веќе во 16:00 часот билети немало. Останат бил само по некој билет за ВИП местата покрај теренот и ложата.

Ова значи дека „Арената“ е распродадена и Барселона ја чека „жешка“ атмосфера. Пред натпреварот против Барселона во домашното првенство Звезда ќе игра против Раднички.