Ништо од пензијата: Алаба, сепак, нема да ја заврши кариерата!

Еден од најдобрите дефанзивци во светот, Давид Алаба се здоби со тешка повреда поради која е надвор од терените долго време и поради тоа се шпекулираше дека ќе ја заврши кариерата.

Новинарот Фабрицио Романо, сепак, објави дека такво нешто нема да се случи, односно Алаба не се предава и продолжува со рехабилитацијата.

„Кралевите“ ја следат ситуацијата со Алаба и медицински тим работи за да го оспособи за побрзо враќањео на фудбалските терени.

Алaба не игра за Реал уште од 17 декември минатата година кога се повреди против Вилјареал.