Валенсија го држи на клупа, но се пофали со Столе: Ѕидот на Македонија... (ФОТО)

Maкедонскиот чувар на мрежата Столе Димитриевски беше еден од нашите најдобри поединци во натпреварите против Летонија и Ерменија во кои славевме две победи.

Во двете победи Димитриевски остана несовладан, а неговиот одличен настап не помина незабележано и од тимот на Валенсија.

„Ѕидот на Македонија...Голманот на Валенсија стартуваше во двата натпревари и не прими гол“, објави шпанскиот клуб.

Димитриевски летово пристигна во Валенсија, но откако Грузиецот Мамардашвили остана во клубот тој е негова резерва и ја чека својата шанса.