Керол за фотографиите на Ибра: Жена ми ме повредила полошо...

Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ пред два дена социјалните мрежи објави фотографија на која покажа каква повреда заработил на главата.

Ибрахимовиќ не откри како се повредил, но на фотографијата може да се види дека неговата глава е раскрварена.

Во коментарите на оваа објава одлучи да се огласи англискиот ветеран Ендри Керол.

„Порасни, Ибра. Полоши повреди од ова добив од својата жена“, гласеше коментарот на Керол.

Керол се уште е активен на фудбалските терени и во овој момент го носи дресот на француски Бордо кој поради финансиските проблеми беше исфрлен во француската Трета лига.