Тиквеш ќе ја пречека Шкендија во Штип

Средбата од десеттото коло во Првата македонска фудбалска лига помеѓу Тиквеш и Шкендија ќе се одигра во Штип.

Тиквеш како што е познато за инцидентите во дуелот со Вардар беше казнет со два натпревари суспезнија, а првиот го одработи со ремито против Силекс. Тој натпревар клубот од Кавадарци го играше во Кратово.

Сега донесена е одлука Тиквеш да игра на теренот на Брегалница во Штип. Натпреварот како и останатите средби од десеттото коло се игра в недела од 14:00 часот.