Лош ден за нашите тенисерки: Ѓорческа и Стоилковска елиминирани уште на стартот!

Денеска беше лош ден за двете најдобри македонски тенисерки, откако загубија уште на стартот на турнирите од фјучерс-серијата на кои настапуваа.

Лина Ѓорческа загуби во пресметката со Русинката Екатерина Маклакова (6-3, 6-7, 3-6) во турскиот град Кајсери, каде што се игра за награден фонд од 40.000 долари. Магдалена Стоилковска, пак, беше поразена во дуелот со Чинда Шефцликова од Чешка (1-6, 5-7) на турнирот во Бол на хрватскиот остров Брач.

Стоилковска денеска одигра уште еден меч и тоа во конкуренција на двојки во првото коло заедно со хрватската тенисерка Ноа Крзнариќ, во кој загубија од Нока Јурич (Словенија) и Фани Норин (Шведска) со 3-6, 3-6.