Неславен крај за фудбалерот на Реал на мечот со Белгија: Зидан пред 18 години, па Чуамени

Играчот на Реал, Орелиен Чуамени влезе во друштво на Зинедин Зидан, но не поради нешто добро, туку по црвениот картон што го доби синоќа против Белгија.

Фудбалерот за врска не го дочека крајот на мечот затоа што поради два жолти картона мораше во 76. минута да замине во соблекувална. Со тоа стана прв капитен на Франција по пауза од 18 години кој бил исклучен на еден официјален натпревар.

Пред него, тоа му се случи на Зинедин Зидан во фамозното финале од Светското првенство во 2006 година кога со глава го удри Марко Матераци и на тој начин не само што го заврши тој натпревар, туку и својата кариера. Заедничко за двајцата фудбалери е тоа што како капитени беа членови на Реал Мадрид.