Манчестер јунајтед „мерка“ тројца фудбалери на Баерн Минхен

Англискиот гигант Манчестер јунајтед планира да ангажира нови засилувања во јануари, а скаутите на премиерлигашот веќе следат тројца фудбалери на Баерн Минхен.

Медиумите пишуваат дека газдите на „црвените ѓаволи“ се заинтересирани за Леон Горецка, Лирој Сане и Алфонсо Дејвис.

Горецка сака да замине од Баерн затоа што не е задоволен во Минхен, а идентична е ситуацијата и со Сане.

„Ѓаволите“ се подготвени да потрошат околу 200 милиони евра за услугите на овие тројца фудбалери, но останува да видиме дали ќе успеат да ги договорат.