Тројца фудбалери му помагале на Менди за да го прехрани семејството!

Бенџамин Менди помина низ вистински пекол откако се соочи со сериозни обвинувања за силување, меѓутоа на крајот ја доби правдата и докажа дека не е виновен.

Менди откри дека тројца фудбалери од Манчестер сити му помогнале да го преживее периодот, а тоа се Бернардно Силва, Ријад Марез и Рахим Стерлинг.

„Се соочив со сериозни финансиски проблеми. Се чувствував многу лошо, не можев да го издржувам семејството. Само тројца фудбалери ми помогнаа. Тоа се Бернардо Силва, Рахим Стерлинг и Ријад Марез кои ми позајмија пари“, кажа Менди.

Поранешниот фудбалер на „граѓаните“ неодамна поднесе тужба против премиерлигашот и бара да му се исплатат парите за плати кои му следуваат.