Газдите на Јунајтед наместо Тех Хаг го избркаа - легендарниот Фергусон!

Манчестер јунајтед го има најлошиот почеток на сезоната во Премиерлигата, па поради тоа се очекуваше газдите да го избркаат тренерот Ерик Тен Хаг, но тие направија шокантен потег и му ја прекинаа соработката на легендарниот Сер Алекс Фергусон.

Тренерот кој им донесе дури 38 титули, од кои 13 во Премиерлигата, остана без договор затоа што Сер Џим Ретклиф реши дека Фергусон повеќе не треба да биде амбасадор на клубот.

Познатиот новинар Фабрицио Романо објави дека причина за одлуката на Ретклиф е тоа што сакаат да заштеди пари.

Фергусон имал милионски договор со „ѓаволите“ за да биде светски амбасадор на премиерлигашот, но Ретклиф смета дека повеќе нема потреба да ја извршува функцијата која ја доби во октомври 2013 година.