Голот на Ристовска против Оденсе избран во топ-5 во ЛШ (ВИДЕО)

Македонската ракометарка Сара Ристовска одигра солиден натпревар за Рапид Букурешт во поразот од Оденсе (24-32) во Лигата на шампиони (ЛШ).

Ристовска постигна три гола против Оденсе, а еден од нив се најде во топ-5 голови на колото во ЛШ.

Екипата на Ристовска по пет одиграни кола се наоѓа на седмата позиција во групата Б со само три освоени бодови.