Семејството на починатиот Балдок ќе ги добие сите пари од договорот со Панатинаикос

Грчкиот гигант Панатинаикос објави дека ќе го испочитува договорот со починатиот фудбалер Џорџ Балдок и ќе ги исплати сите пари од соработката на неговото семејство.

Балдок беше пронајден мртов во била покрај базен, а полицијата отвори истрага за неговата смрт, додека во меѓувреме клубот реши да направи убав потег.

Панатинаикос планира во 2025 година да организира и хуманитарен натпревар во чест на Балдок и собраните пари да ги донира на неговото едногодишно дете.