Лотито брутално го нападна Гринвуд: Не сакаме платеници!

Мејсон Гринвуд беше блиску до трансфер во Лацио, меѓутоа англискиот фудбалер реши да ја прифати понудата од Франција во последен момент и да го облече дресот на Олимпик Марсеј.

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито доби прашање од новинарите дали жали поради тоа што не се реализираш трансферот на Гринвуд, по што даде брутален одговор.

„Не жалиме воопшто. Не сакаме платеници. Гринвуд е среќен во Марсеј, може да остане таму. Ние не прифаќаме платеници во екипата, туку само тие што го сакаат Лацио“, кажа Лотито.

Гринвуд оваа сезона игра одлично за Марсеј, па на седум настапи постигна пет голови и една асистенција.