Најоригиналното влегување на свадба на младенците - со химната на Евролига (ВИДЕО)

Брачен пар од Србија го привлече вниманието на европската кошаркарска јавност откако на оригинален начин ја почна својата свадбена веселба.

Двојката влезе на подиумот во придружба на химната на Евролигата што веројатно никогаш досега не е забележано. Снимката од свадбата е споделена на официјалните профили на Евролига на социјалните мрежи што е најдобар доказ за популарноста што си ја направи новиот брачен пар.

Со оглед на тоа што е тагнат Партизан, очигледно дека новите сопруг и сопруга се навивачи на белградскиот гигант и поранешен европски шампион.