Италија не победила вака убедливо од лани против Македонија, Коло Муани конечно ги израдува Французите (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Италија ја оствари најубедливата победа во последните 11 месеци откако денеска на домашен терен го растури Израел со 4-1 во четвртото коло од Лигата на нации.

Последен пат толку ефикасни, „аѕурите“ не биле од дуелот против Македонијаа лани во ноември кога триумфираа исто така со три разлика, 5-2. Денеска головите за поранешниот европски шампион ги постигнаа Ретеги, Фратези и два пати Ди Лоренцо, но најубавиот момент беше погодокот од корнер на израелскиот фудбалер Абу Фани за 1-2 во тие моменти.

 

 

Интересно е тоа што по четири кола во Лигата на нации, Италија е најефикасна во својата група со 11 гола и се наоѓа на првото место на табелата.

Веднаш зад неа е Франција која вечерва на крилјата на Коло Муани славеше на гости во Белгија со 2-1. Фудбалерот на ПСЖ ги постигна двата гола за „триколорите“ и барем малку предизвика задоволство кај љубителите на фудбалот во својата земја кои тешко дека некогаш ќе му го заборават промашувањето во финалето од Светското првенство во Катар. За Белгија погоди Опенда, а Тилеманс не искористи пенал на средината од првото полувреме. Мечот го одбележаа и деветте жолти картони од кои два доби Чуамени кој беше исклучен во 76. минута.

 

 

Вечерва се играа натпреварите и од групата 3 во Лигата А. Во дербито, Германија ја победи Холандија со 1-0, а Унгарија славеше на гости кај БиХ со 2-0.