Португалија се прошета низ Полска, Роналдо го постигна 906. гол во кариерата (ВИДЕО)

Португалската фудбалска репрезентација славеше со 3-1 против Полска во Варшава, додека Кристијано Роналдо запиша уште еден погодок во неговата кариера.

Бернардо Силва во 26. минута и Роналдо во 37. минута стрелаа за предност од 2-0 на Португалија во првото полувреме.

Пјотр Зиелински намали на 1-2 во 78. минута од средбата, а потоа Јан Беднарек со автогол ѝ помогна на Португалија да стигне до ново водство и триумф од 3-1.

Роналдо на овој натпревар стигна до 906 голови во кариерата, а Португалија се издвои на врвот со девет бодови, по што следи Хрватска со шест, Полска со три и Шкотска без поени.

На останатите натпревари Романија го „потопи“ Кипар со 3-0, додека Белорусија и Северна Ирска одиграа 0-0.