Ѓоковиќ со пресврт до полуфинале во Шангај
Ѓоковиќ успеа да слави со пресврт со 2-1 во сетови. Првиот сет изненадувачки му припадна на младиот Чех, но потоа Новак започна да доминира на теренот. Чешкиот тенисер го освои сетот кој се играше во тајбрејк (6-7).
Веќе во вториот сет квалитетот и искуството на Ѓоковиќ дојдоа до израз и Меншик освои само еден сет (6-1). Не успеа да ја повтори играта од првиот сет ниту во третиот, одлучувачки, па така Ѓоковиќ го доби сетот со 6-3 за конечна победа.
Противник на Новак во полуфиналето ќе му биде Американецот Тејлор Фриц. Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Томаш Махач.