Тони Надал призна: Објасни зошто Ѓоковиќ е најдобар во историјата
Со оваа објава само се потврди тоа што подолго време се најавуваше бидејќи Шпанецот долго време се мачеше со повреди поради кои не можеше да игра.
По објавата на Надал „Марка“ разговараше со неговиот чичко Тони кој му беше тренер од 1990 до 2017 година. Со него како тренер Надал ги оствари најголемите успеси. Освои 20 грен-слем турнири, олимписко злато, 36 мастерс титули и 4 Дејвис купа.
„Многу од овие трофеи Надал освои повреден и така многу ризикуваше. Но, да не беше така неговата колекција на трофеи би била многу помала“, откри Тони Надал.
Сепак и тој признава дека Новак Ѓоковиќ остварил подобра кариера.
„Најдобриот во историјата е Ѓоковиќ според тоа колку освои, но оној кој најдобро играше беше Федерер. Рафа, можеби ќе беше најдобар ако не беше толку повреден“, истакна чичкото на Шпанецот.