Ѓоковиќ не го заборави Рафа: Твоето наследство вечно ќе живее

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ со емотивна порака се огласи по заминувањето во пензија на Рафаел Надал.

Надал денеска објави дека на Дејвис Купот наредниот месец ќе го има последниот настап во неговата кариера.

Долго време Надал и Ѓоковиќ беа ривали на теренот, а српскиот тенисер денеска не заборави да остави порака до Шпанецот.

„Рафа, една објава не е доволна да го искажам почитувањето кое го имам кон тебе и она што го направи во нашиот спорт. Инспирираше милиони деца да почнат да играат тенис и мислам дека тоа е најголемото достигнување кое секој го посакува. Твоето наследство ќе живее засекогаш. Само ти знаеш што претрпе за да станеш икон на тенисот и спортот воопшто. Ти благодарам што толку пати ме туркаше до самите граници во нашето ривалство кое влијаеше на мене како играч. Твојата страст за претставување на Шпанија секогаш беше неверојатна. Ти посакуваме најдобро можно простување во Малага на Дејвис купот со тимот на Шпанија. Ќе бидам таму да одадам почит на твојата ѕвездена кариера“, објави Новак додавајќи фотографии кои го обележаа нивното ривалство.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)