Клоп: Мојата улога се промени, но остана страста кон фудбалот!

Германскиот тренер Јирген Клоп се враќа во фудбалот, откако потпиша договор со Ред Бул и негова задача ќе биде да ја контролира работата во дури пет екипи, односно да биде советник на тренерите во Салцбург, Лајпциг, Лидс, Њујорк и Брагантино.

Клкоп во изјава за медиумите кажан дека сака да го развива, унапреди и поддржи фудбалскиот талент кој го има Ред Бул.

„Мојата улога можеби се смени, но не и страста за фудбалот. Сакам да помогнам, да го развивам, унапредам и поддржам неверојатниот фудбалски талент со кој располага Ред Бул“, кажа Клоп.

Извршниот директор на компанијата, Оливер Минклаф кажа дека ангажирањето на Клоп е најголем потег во историјата на компанијата во светот на фудбалот.