Ѓоковиќ му се жалеше на судијата во Шангај - не му се допаѓаат одредени правила! (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ убедливо славеше против Роман Сафиулин со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-2 во осминафиналето на мастерсот во Шангај.

Ѓоковиќ за време на вториот сет се скара со судијата, кога го праша дали може само да си го земе пешкирот, што е обврска на децата кои собираат топчиња, но некогаш не стигнуваат тоа да го направат навреме.

„Знам дека не е до тебе, но правилата се неверојатни. Четири години имаме ситуација каде што не можеме да добиеме пешкир, децата даваат сè од себе, но некогаш не стигнуваат“, кажа Ѓоковиќ.