Дански судија ќе ја дели правдата на мечот меѓу Летонија и Македонија

Македонската фудбалска репрезентација ѝ гостува на Летонија на 10 октомври од 18 часот во Рига во рамки на третиот меч од Лигата на Нации.

Пред натпреварот беше одреден и судијата кој ќе ја дели правдата на натпреварот, а таа чест му припадна на Јакоб Александер Сундберг од Данска.

Негови помошници ќе бидат Дениз Јурдакул и Виктор Скуте, додека четврти судија на мечот е Микел Редер.

Македонија по два одиграни меча се наоѓа на првото место во групата 4 од Лига Ц со четири бодови, по што следат Ерменија и Летонија со по три бода, а Фарски Острови има еден поен.