Голема трагедија: Убиен бразилскиот фудбалер Рикардињо!
Тој мина низ младинските селекции на Клуб Ремо, кој се натпреварува во Паулиста шампионатот, а беше застрелан во градот Маритуба. Утрото по трагедијата, полицијата пронашла автомобил за кој се сомневаат дека го користеле осомничените за нападот. Увидот и анализата на автомобилот се уште е во тек.
Рикардињо бил перспективен фудбалер, а во моментот на убиството се опоравувал од повредата со која се здоби во март годинава. Клуб Ремо се натпреварува во Серија Ц, која е трета дивизија во Бразил.