Клоп му се враќа на фудбалот – од една фотелја ќе контролира дури пет клуба!

Еден од најдобрите тренерот на денешницата, Јирген Клоп, кој на крајот од минатата сезона си замина од Ливерпул и оттогаш е на одмор, е пред враќање на фудбалот и тоа на функција како измислена за него од која истовремено ќе ја контролира работата во дури пет клуба.

Според германските медиуми, тој веќе потпишал договор со компанијата Ред Бул со важност од првиот ден од следната 2025 година и тоа како шеф на фудбалските операции во овој конгломерат. Клоп би бил советник на тренерите во клубовите кои се под капата на Ред Бул и тоа Салцбург, Лајпциг, Лидс, Њујорк и бразилскиот Брагантино.

Клоп би бил во комуникација и службите за скаутирање бидејќи Ред Бул сака да продолжи да ги следи иднините светски ѕвезди, а добро е познато колку фантастични фудбалери се појавија на европската сцена токму преку Лајпциг и Салзбург. Главниот оперативец кој го убедил Германецот да ја прифати оваа позиција е Оливер Мајнклаф, кој беше во Лајпциг од 2014 до 2022 година за потоа да преземе функција во која ќе биде одговорен за сите проекти на Ред Бул вклучувајќи ја и Формула 1.