Недановски: Очекував повеќе публика...
Недановски, сепак, се обрати и до навивачите на бившиот македонски шампион Вардар и кажа дека очекувал повеќе публика во СЦ „Јане Сандански“.
„Честитки до Валур за одличната игра, мило ми е што повторно во ‘Јане Сандански’ гледаме европски ракомет. Очекував повеќе публика, но очигледно на трибините беа само тие кои навистина го сакаат Вардар. Одигравме одлично во првото полувреме, но во второто се појавија проблеми на кои ќе мора да поработиме“, кажа Недановски.
Вардар во следното коло игра против Мелсунген на 15 октомври од 18.45 часот во Германија.