Реал Мадрид му се поклони на легендарниот Иниеста!

Легендарниот фудбалер Андрес Иниеста реши да ја заврши фудбалската кариера на 40-годишна возраст, а ќе остане запаметен по големиот број освоени пехари со Барселона и шпанската репрезентација.

Иако водеше големи битки против Реал Мадрид, сепак „кралевите“ му се поклонија на легендарниот фудбалер за неговата блескава кариера.

„Реал Мадрид, неговиот претседател и управниот одбор сакаат да му оддадат признание, восхит и почит кон една од најголемите легенди на шпанскиот и светскиот фудбал. Андрес Иниеста придонесе со неговиот стил и вредности да го подобри спортот. Неговиот гол во финалето на Мундијалот во 2010 година ќе остане запаметен засекогаш“, објави Реал Мадрид.