Ернандез како роденденски подарок си доби суспензија и парична казна!

Францускиот фудбалер Тео Ернандез нема по добро да го памети својот роденден на 6 октомври, кога со Милан загуби на гостувањето кај Фиорентина, а тој промаши пенал и доби црвен картон.

Левиот бек на „росонерите“ го навреди главниот судија, кој му покажа црвен картон, а Серија А му изрече суспензија на два натпревари, но за „роденденски подарок“ од Милан доби парична казна.

„Газета дело Спорт“ објави дека Милан преземал дисциплинска мерка против капитенот и решил да го казни парично поради неговото непримерно однесување на дуелот на стадионот „Артемио Франки“.

Милан се наоѓа на шестата позиција во Серија А со 11 освоени бодови по седум одиграни меча.