Комо ќе ги почести навивачите на Наполи со - пиво! (ФОТО)

Во изминатиот петок Наполи на „Диего Марадона“ го победи Комо со 3-1, а овој меч роди пријателство меѓу двата клуба и нивните навивачи.

Комо се прикажа во одлично светло на овој дуел иако го загуби натпреварот, доби многу позитивни реакции од навивачите на Наполи.

Поради таквите ракции, Комо реши да ги почасти навивачите на Наполи со пиво. Реваншот во Серија А меѓу овие два тима се игра во февруари, а сите навивачи на Наполи кои ќе отпатуваат на мечот во Комо ќе добијат гратис пиво.

„Комо сака да изрази искрена благодарност до Наполи и фановите за прекрасниот приказ на спортски дух по петочниот меч. Атмосферата на стадионот „Марадона“ и реакцијата на фановите на двата тима по мечот беше неповторлива. Затоа Комо ќе им купи пиво на сите навивачи на Наполи кои ќе дојдат на реваншот на стадионот Џузепе Синигалија во февруари 2025 година“, стои во соопштението на Комо.