Во академијата на Реал разочарани од односот на Анчелоти

Младите фудбалери од академијата на Реал се крајно незадоволни од односот кон нив од тренерот на првиот тим Карло Анчелоти.

Тие се разочарани поради тоа што италијанскиот стручњак воопшто не им обрнува внимание и под негово водство не постојат апсолутно никакви шанси некој од нив да заигра во сениорскиот состав. Тоа не е проблем само сега, туку и во првиот мандат на Анчелоти, како и во претходните три сезони.

Последен пример е повредата на десниот бек Даниел Карвахал поради која искусниот фудбалер принудно ја заврши оваа сезона. И покрај сериозниот недостаток на играчи на неговата позиција, со оглед на тоа што и Алаба е повреден, Анчелоти воопшто не ни погледнува кон академијата, туку се позасилено инсистира на трансфер на Трент Александер Арнолд од Ливерпул.

Реал Мадрид не може да се пофали со многу играчи од својата школа, не само во моментов, туку и во минатото. Карвахал е еден од ретките од академијата, но и тој мораше да се докажува во Баер Леверкузен пред да се врати на Бернабе.