Олимпија со „стотка“ го распарчи Сасари, Димитријевиќ постигна 10 поени

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра одличен меч за Олимпија Милано во победата од 100-75 против Динамо Сасари во второто коло од италијанскиот шампионат.

Димитријевиќ и неговите колеги го истурија бесот против Динамо уште во првото полувреме кое им припадна со +26 (57-31), по што рутински одиграа во продолжение за славје од 100-75.

Димитријевиќ одигра 18 минути на теренот, а притоа постигна 10 поени, пет скокови, шест асистенции и три украдени топки за Олимпија.

Олимпија Милано по две одиграни кола има еден триумф и еден пораз и се наоѓа на седмата позиција во италијанското првенство.