Jувентус првпат прими гол сезонава и не го победи Каљари (ВИДЕО)
Головите на двете страни беа постигнати на идентичен начин од пенал. Јувентус прв дојде до предност во 15. минута кога сигурен реализатор на најстрогата казна беше Душан Влаховиќ.
🚨🇮🇹 GOAL | Juventus 1-0 Cagliari | Vlahovic
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) October 6, 2024
VLAHOVIC OPENS THE SCORING FOR JUVENTUS!pic.twitter.com/3oUydpdvQp
Во најголем дел од натпреварот Јувентус доминираше и создаде повеќе прилики, а кога не ги искористи стигна казната.
Идентично како и во првото полувреме пред крајот во 88. минута по прегледување на ВАР, Маринели покажа на белата точка од каде Маринели го совлада Ди Грегорио.
⚽️GOAL🇮🇹 | Juventus 1-1 Cagliari | Razvan Marinpic.twitter.com/D1YOMuXikj
— Goals Xtra (@GoalsXtra) October 6, 2024
До крајот „старата дама“ остана и со играч помалку откако Консесисао заработи втор жолт картон. По ова реми Јувентус е на третата позиција во Серија А со 13 бода колку што има и Удинезе, Наполи е лидер со 16, а втор Интер со 14.