Мота го отпиша Погба: Клубот ќе одлучи што ќе прави со него

Пол Погба (31) повторно ќе може да игра фудбал од март 2025 година откао му беше скратена суспензијата од четири години на 18 месеци.

Пол Погба (31) повторно ќе може да игра фудбал од март 2025 година откао му беше скратена суспензијата од четири години на 18 месеци.

Французинот беше суспендиран кон крајот на минатата година поради позитивен допинг тест на натпреварот помеѓу Удинезе и Јувентус на 20 август 2023 години.

Но, како што стојат работите Погба нема да го гледаме во дресот на Јувентус. Претходно такви најаваа имаа и медиумите, а сега тренерот Тијаго Мота потврди дека нема да смета на него.

„Погба беше голем играч, но долго време не играл фудбал. Јас сум фокусиран само на сегашноста. Клубот ќе одлучи што ќе прави со него“, изјави Мота.

Како потенцијална следна дестинација за Погба се споменуваше Марсеј, но и МЛС лигата.