Со рекорден број од 13.440 натпреварувачи од 55 светски држави, денеска беше одржан јубилејниот 20. Скопски маратон на кој освен натпреварувачкиот имаше и рекреативен ден во кој илјадници уживаа во прекрасното утро и шансата за дружење и одржување на здравјето.

Ако во минатото ги имавме Супермен и Аквамен, оваа година на целта „слета“ Бетмен во својот традиционален костум, само без Робин и нормално без својот Бетмобил. Беше прекрасно да се гледа колоната среќни тркачи, меѓу кои најмногу беа тие што сакаа да се забавуваат.

Па така, годинава имавме и такви што повеќе сакаа да скокаат наместо да трчаат, секако кога во близина беа многумината фоторепортери.