Денеска се одржа 20. издание на Скопскиот маратон, каде што учествуваа рекорден број натпреварувачи, а македонскиот атлетичар Дарио Ивановски го освои третото место на трката на 42 километри.

Кениецот Хилари Чемвено беше најбрз на годишениот маратон со време од 2.13.28, додека зад себе го остави сонародникот Даниел Кипротих со 2.13.53. Третата позиција беше резервирана за македонскиот атлетичар Ивановски кој оствари време од 2.16.26.

Најдобра во женска конкуренција беше Ирине Џеруто од Кенија со време од 2.37.52, додека зад неа заврши македонската атлетичарка Адријана Поп Арсова која оствари време 2.39.38, а место на подиумот имаше и за Вилијан Џелагет.