Работнички го победи Феникс во меч со - луди пресврти!

Работнички победнички ја отвори новата сезона, на „Кале“ го совладаа Феникс со 90-85 во меч во кој и двата тима имаа неверојатни подеми и падови.

Центарци тргнаа одлично ја добија првата четвртина со 33-19, но им се случи несфатлив пад во вториот период во кој постигнаа само осум поени, а примија дури  35. Феникс не само што го презеде водството, туку поведе и со убедливи 54-41, гостите имаа цели 13 поени предност.

Работнички се разбуди во вториот дел, почна полека да ја топи предноста на Феникс, во последните 10 минути влегоа со негатива од два поени. За кратко време ја вратија предноста, дојдоа до плус 5-6 поени и ова водство го одржуваа до крајот на мечот за конечна победа од 90-85.

Ѓуроски со 28 поени беше најефикасен во составот на Работнички, Робев и Полутак постигнаа по 15. Кај Феникс убедливо најдобар беше Грант кој даде фантастични 37 поени, двоцифрен беше и Стојковиќ со 16.