Синер за ривалството со Алкараз: Ние сме како оган и мраз!
Првиот тенисер во светот по мечот кажа кои се сличностите и разликите меѓу него и големиот ривал Алкараз.
„Не е лесно да се биде пријател со некој кој ви е ривал, но надвор од теренот сме слични. На теренот сме различни, а тоа е нормално. На теренот, тој е некој кој носи оган, има одлични удари. Јас сум добар играч, смирен, па ние делуваме како оган и мраз, тоа е убава комбинација“, кажа Синер.
Синер во следното коло ќе игра против Томас Мартин Ечевери, додека Алкараз ќе се соочи со Ву Јибинг.