Вила парк - последна станица за Ерик Тен Хаг!?
Против холандскиот стручњак се свртени сите, од управата, преку играчите и навивачите, до Алекс Фергусон кој му беше најголема поддршка досега. Евентуален пораз од Астон Вила утре, веројатно ќе значи крај на мачењето и на Тен Хаг и на фановите на Јунајтед бидејќи трофејниот клуб повеќе не може да си дозволи вака да си го уништува реномето. Астон Вила се наоѓа во многу подобра форма, во моментов е на петтото место на табелата, а во Лигата на шампионите во текот на неделата го победи Баерн.
Моментот за Јунајтед да се откаже од Тен Хаг е перфектен, следува двонеделна пауза поради Лигата на нации и наследникот ќе има доволно време да се запознае со приликите во екипата и во клубот. Се шпекулира со многу имиња како можни наследници, во комбинација се Масимилијано Алегри, Герет Саутгејт, но се чини дека најреална опција е Томас Тухел.