Трагедија во Гостивар: Шестгодишно момче починало на фудбалски тренинг!
Детето веднаш било пренесено во болница, каде што лекарите се бореле за неговиот живот, но за жал неуспешно.
„На 03.10.2024 во 20.22 часот во СВР Тетово, од Општа болница Гостивар било пријавено дека со екипа од Итна медицинска помош од стадионот во населба Дутлок бил донесен малолетник од Гостивар без знаци на живот“, соопшти МВР.
На момчето, според пријавеното, му се слошило и паднало за време на тренингот, а по неколку обиди за реанимација лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство. Оваа трагедија, за жал, ќе биде само дополнителен потсетник за важноста на прегледите на спортска медицина и тоа без разлика на возраста – од најмалу до највозрасни во младинските категории.