Aлкалоид го освои Кавадарци и остана перфектен (ВИДЕО)
Лидерот на табелата тргна мотивирано од самиот старт и ги постигна првите голови на средбата, но домаќините се вратија во натпреварот и израмнија на 3-3. Преднсота која ја одржуваа до крајот на средбата избраниците на КИре Лазаров ја направија во завршницата од првото полувреме. На пауза фаворитот замина со предност од 13-19.
Во вториот дел Тиквеш ниту еднаш сериозно не се закани, па Алкалоид дојде до триумф кој беше петти за скопскиот тим во исто толку натпревари од почетокот на сезоната.
Најефикасен во победничкиот табор беше Митев со шест гола, а го следеше Серафимов кој постигна пет. Во редовите домаќините Тиквеш седум пати ја тресеше мрежата.