Миовски за дебито во ЛШ: Некогаш работите не се како што посакуваме
Миовски во 67. минута самиот изнуди пенал, меѓутоа остана без реализација. По дебито во најелитното европско натпреварување,
Македонецот истакна дека за него тоа е остварување на уште еден сон, додека промашениот пенал верува дека ќе го направи посилен.
„Дебито во Лигата на шампионите за мене е остварување на уште еден сон, но за жал некогаш работите не се онака како што посакуваме. Сето тоа ќе ме направи посилен и фокусиран на следниот натпревар за тимот во првенството“, стои во пораката на Миовски на социјалните мрежи.