Чурлинов во 97. минута го сруши Копенхаген во Данска! (ВИДЕО)

Репрезентативецот на Македонија, Дарко Чурлинов вечерва беше херој за својата Јагелонија и донесе победа на стартот од Конференциската лига.

Јагелонија успеа да слави победа во Данска со 1-2 и тоа благодарение на македонскиот фудбалер кој во 97. минута постигна гол за конечни 1-2.

Чурлинов на натпреварот не беше стартер и во игра влезе во 55. минута.