Драма во финалето на Супер Глоуб: Веспрем се радуваше по продолженија!
Магдебург кој го освојуваше трофејот во изминатите три години вечерва беше симнат од тронот.
Финалето донесе максимално изедначена игра и во најголем дел од натпреварот гледавме игра гол за гол. Првата посериозна предноста Веспрем ја направи кон средината на второто полувреме кога поведе со 18:22. Магдебург до крајот сепак успеа да се врати, па регуларниот дел заврши без победник 28-28.
Во дополнителните десет минути продолжи изедначената игра, но Веспрем за нијанса беше подобар во клучните моменти и со 33-34 славеше победа.