Одлично деби за Димитријевиќ во Евролигата!

Eкипата на Олимпија Милано не успеа да дојде до победа против Монако кој и пред натпреварот важеше за фаворит, а на теренот таа улога ја оправда и славеше победа од 93-80.

Овој натпревар беше и дебитантски за Ненад Димитријевиќ во Евролигата и одигра сосема солидно со учинок од 11 поени, шест скокови и пет асистенции за 20 минути поминати на теренот.

Монако уште во првите две четвртини ја стекна предноста и изгледаше сигурно и мотивирано. На паузата Французите водеа со 47-26. Во второто полувреме италијанскиот тим успеа да ја ублажи негативата, но не и сериозно да го загрози водството на Монако.

Во останатите натпревари Жалгирис пред своите гледачи ја совлада Барселона со 74-67, додека актуелниот европски шампион Панатинаикос беше подобар од Алба Берлин со 77-87.