Јунајтед почна како да е Сити, па продолжи во свој стил - очајно (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед имаше предност од 0-2, но на крајот сепак нема водство на полувремето против Порто.

Започна одлично Манчестер Јунајтед и со головите на Рашфорд и Хојлунд во 7. и 20. минута стигна до предност, но потоа одново се вратија на проблемите кои ги имаат од почетокот на сезоната.

Порто во само седум минути прво во 27, па во 34. преку Пепе и Омордион дојде дојде до 2:2 на паузата.