Бетис изненаден во Полска, Легија со голема победа стартуваше во Конференциската лига (ВИДЕО)

Шпански Бетис влезе како фаворит во натпреварот против Легија Варшава во Полска, но на крајот не успеа да ја оправда фаворитската улога и претрпе изненадувачки пораз од 0-1.

Натпреварот го одлучи Капунди кој во 23. минута постигна гол кој се покажа како доволен за големо славје на Легија.

Најмногу голови во Конференциската во средбите од 18:45 часот видовме на натпреварот помеѓу Серкл Бриж и Сент Гален кој заврши со триумф од 6-2 на домаќините.

Убедлива беше и Омонија која славеше над Викнгур со 4-0, додека Молде со 3-0 беше подобар од Ларне.

Екипата на Бачка Топола од Србија со пораз се враќа од гостувањето кај Астана (1-0), а со резултат 1-2 Харс беше подобар од Динамо Минск на гостински терен.