Лацио ја прегази Ница во Рим, Тотнем подобар од Ференцварош (ВИДЕО)

Во терминот од 18:45 во натпреварите од Лигата на Европа, Тотнем стигна до нова победа на гостувањето кај Ференцварош, додека Лацио беше убедливо против Ница. На останатите средби видовме и неколку изненадувања.

Екипата на Тотнем влезе како голем фаворит во натпреварот против Ференцварош и на крајот славеше победа од 1-2. Резултатот го отвори Сар во 23. минута, а за преостанатите два гола се чекаше завршницата од средбата кога Џонсон прво зголеми на 0-2, а потоа Варга ги постави конечните 1-2.

За Тотнем ова е втора победа во Лигата на Европа и втора без примен гол откако во првото коло „петлите“ беа подобри од Карабах со 3-0.

Најубедливата победа во терминот од 18:45 часот ја забележа Лацио кој со 4-1 беше подобар од Ница. Лацио победата ја најави со двата гола во првиот дел во 20. и 35. минута на Педро и Кастељанос. 

Ница резултатски се врати пред крајот на првиот дел со погодокот на Бога. Сепак, во вториот дел Лацио со уште еден гол на Кастељанос ја потврди победата. Лацио така дојде до уште една убедлива победа, претходно во првото коло го совладаа Динамо Киев со 3-0.

За изненадување може да се смета и ремито на летонска Рига со турскиот гигант Галатасарај 2-2, а без победник заврши и средбата на Славија Прага и Ајакс (1-1).

Во останатите натпревари. Хофенхајм беше подобар со 2-0 од Динамо Киев, Мјитиланд на гости кај Тел Авив славеше минимален триумф од 0-1, Олимпијакос на домашен терен беше убедлив со Брага (3-0), Малмо од гостувањето против Карабах замина со триумф 1-2, додека Андерлехт во Шпанија го победи Сосиедад со 1-2.