ФИФА ќе го суспендира Израел?

Фудбалскиот сојуз на Израел би можел да биде суспендиран од страна на ФИФА.

Станува збор за суспензија која би важела за репрезентацијата, но и клубовите кои играат во интернационалните натпреварувања. Првично беше најавено дека одлуката ќе биде донесена следниот мај, меѓутоа префрлена е за следниот четврток.

Причина за ваквата најава се воените дејствија врз појасот Газа и војната која трае повеќе од една година.

Ако ФИФА се одлучи за суспензија истата веројатно би ја следела и УЕФА. Во овој момент под суспензија се Русите и Белорусите поради случувањата во Украина.