Револуција: ФИФА најави трет преоден рок!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) планира да направи нова промена во светот на спортот, односно да воведе трет преоден рок, кој ќе трае само 10 дена.

Преодниот рок би траел од 1 до 10 јуни, а целта е да им се овозможи на тимовите кои учествуваат на Светското клупско првенство да се засилат пред учеството на турнирот.

Натпреварувањето е закажано за следната година од 15 јуни до 13 јули, а клубовите пред неговиот почеток ќе може да ангажираат нови засилувања кои ќе бидат достапни за турнирот.